Никола Ѓорѓиев реди победи во Јапонија

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓорѓиев продолжува со одличните настапи во шампионатот на Јапонија, каде е главен адут на екипата на Тореј ероус.

Победничката серија на овој тим продолжи и во текот на минатиот викенд, кога предводени од Ѓорѓиев одбојкарите на Тореј забележаа уште два триумфи, и тоа со максимални 3-0 над екипите на Сантори и на Ј-тект. Македонецот повторно беше во главна улога, освојувајќи 22 поени против Сантори (21 од напад и еден ас) и 19 поени на вториот меч (17 однапад и два со блок).

Имаме причини за задоволство бидејќи играме врвна одбојка, што позитивно се одрази и врз нашите резултати во последно време. Во моментов имаме 39 бода и се наоѓаме на второто место на табелата, што е значаен успех со оглед на квалитетот, но и израмнетоста во лигата“ – изјави Ѓорѓиев.

преземено-екипа.мк

Напишете коментар