„Нека знае мама дека не е сама“ хуманитарна акција на супермаркет Здравец и Црвен крст
Супермаркет Здравец во соработка со Црвен крст Струмица организира хуманитарна акција „Нека знае мама дека не е сама“ на ден 26.09.2015 година. Секој купувач ќе може после своето пазарување во маркетот да донира кај волонтерите од Црвен крст прехранбени производи. Донираните производи ќе бидат наменети за самохрани мајки.