Министерот Зоран Ставревски во Посета на о. Босилово
Министерот за финансии г-дин Зоран Ставревски беше во посета на општина Босилово и оствари бројни контакти со граѓаните од општината и бизнис заедницата од општина Босилово. Министерот ја посети приватната градежна фирма Мајстор-Компани од с.Босилово и претпријатието за производство на дрвна амбалажа Паралидови од Босилово. Истовремено министерот посети неколку инфраструктурни објекти кои се финансирани со средства – грант од Министерството за финансии – проект за подобрување на општинските услуги во рамките на Светска банка, и средства од буџетот на општина Босилово.
Со овие средства се спроведоа следните активности:
– Реконструкција на домот на културата во Босилово;
– Изградени локални улици во населените места Радово со должина од 200 м и Дрвош со должина од 900 м.
Вредноста на проектот изнесува 4 577 066 денари
.