Мелник, градот на Виното и старата Архитектура

Најмалиот град во Бугарија а и во светот (208 жители), Мелник, е вгнезден во јужните падини на Пирин планина, меѓу песочни пирамиди со квир форми. Тој е град во провинцијата Благоевград во југозападна Бугарија, на околу  175 километри северно од Софија, а на само 30 километри оддалеченост од границата со Грција. Мелник се протега на околу 440 метри надморска височина и е еден од најголемите вински региони во Бугарија. .  Тврдењата од античките откритија на археолошките ископувања сведочат за неговата вековна историја.

Градот претставува архитектонски резерват каде 96 од своите градби се прогласени за споменици на културата. Името потекнува од словенскиот збор ” Мел “, што значи бела глина, креда.

Мелник се наоѓа во подножјето на убави песочни пирамиди формирани во бизарни облици. Тие се наоѓаат на 17 квадратни километри околу градот и се формирале во текот на вековите , како резултат на ветер, дожд и постојаната ерозија на карпи од варовник .

Куќата на Кордопулов е најкарактеристичната градба во Мелник бидејќи се смета за најголемата оживеана куќа на Балканскиот Полуостров. Таа била изградена во 1754 (средината на 18 век) и купена од страна на богато грчко семејство т.е. трговец на вино, тутун и свила – Манолис Кордопулос кој истовремено бил и најбогатиот човек во Мелник. Како и другите трговци на област, семејството Кордопулос извезувало вино во Виена , Венеција и Будимпешта.

 

Подрумите, ископани под и зад куќата, со нивната постојана температура и вентилација, биле користени за подготовка и одгледување на виното.Постои легенда дека куќата се потпира на проклетство бидејќи сите луѓе кои живееле во куќата на Кордопулов живееле помалку од 40 години. Сега куќата е претворена во прекрасен музеј. Влезот во овој музеј чини 1 евро.Она што е најимпресивно во куќата на Кордопулов е винарската визба која е најголема во Мелник, вкопана во карпа варовник.

Во подрумот на винарската визба, може да се види каде виното созрева. Постои тунел долг 150 метри, што служи за складирање на 300 тони вино, најголемото буре може да  собере и до 12,5 тони. Овде  може да се дегустираат најдобрите вина во регионот.Внатре во подрумот како ѕвезди блескаат илјади монети од целиот свет кои посетителите ги поставуваат во мекиот ѕид за среќа.   Една од тајните на добро созреано мелничко вино лежи во константната температура која се одржува во подрумот преку целата годината и тоа од 10 до 12 степени.

Мелничкото вино било најомиленото вино на Черчил, кој нарачувал и до 500 литри годишно.Во близина на куќата на Кордопулов се наоѓа веројатно најпознатиот вински подрум во Мелник – Визба Шестака. Таму може да се дегустираат и да се купат различни видови на вино и да се ужива во прекрасниот поглед на Мелник. Во Мелник постојат многи вински куќи, музеи и винарии каде слободно може да се дегустираат автентичните мелнички вински вкусови. Во некои од нив влезот е бесплатен а во некои чини од 2-2,5 евра каде освен познатото вино Мелник се служи и и ракија. Исто така, постојат голем број на продавници за сувенири, каде можете да најдете вкусен домашен џем, шумски плодови, пчелни прозводи и многу повеќе.Дефинитивно треба да се посети и црквата Свети Никола кој датира од крајот на 12 век, а се наоѓа на врвот на античкото тракиско светилиште и базилика од 5-ти век.

Напишете коментар