Македонски филм во финалето на престижниот натпревар „MyRodeReel“ – во трка за првото место

Македонскиот краток филм „Farewell“, подготвен од група автори од Македонија, во
конкуренција од над 1200 филмови, ги мина сите квалификациски фази на престижниот
меѓународен натпревар „MyRodeReel“, организиран од компанијата „RØDE Microphones“ и
веќе е влезен во финалето. Сега останува завршната фаза од натпреварот, а тоа е гласањето!
Според актуелните резултати, филмот е во трка за првото место, коешто ако го освои ќе биде
првиот македонски филм којшто ја има добиено оваа престижна награда.

Македонскиот филм „Farewell“ е на тема „Војната е бесмислена“, претставена на
метафоричен начин. Според оценките на критичарите, меѓу филмовите коишто се во
конкуренција во финалето се издвојува како еден ретките коипто имаат филмски квалитет, а
актерската изведба на нашиот Димитар Ѓорѓиевски е извонредна. Покрај Ѓорѓиевски, улога
во филмот имаат и актерката Симона Јосифовска.

Филмот е во режија на Пеце Здравковски, музиката е изработена од Ѓорги Вацев, сет-креатор е
Филип Каранфиловски, снимател на звук е Христо Стојаноски, а дизајнот на звукот е на Ристо
Алчинов, визуелните ефекти се на Дејан Петровски, додека шминката е на Сашо Мартиновски.
Овие млади луѓе, ентузијастички, без да имаат голем буџет создадоа ремек-дело на македонскиот
краток филм. 2

3

Poster-JPEG-Web

Напишете коментар