Маестро Џамбо Агушев Прва Труба на Македонија на Златна Бубамара на Популарноста

Познатиот трубач во  светот и Македонија, струмичанецот Џамбо Агушев на синоќешното издание на Златна Бубамара на популарноста се закити со наградата ПРВА ТРУБА НА Македонија.

Џамбо уште еднаш го докажа мајсторство со настапот на ова манифестација и тоа со групата Љубојна и легендата Игор Џамбазов.

 

Арената „Метрополис“, во која првпат годинава се одржa „Бубамара“ се покажа дека е претесна за сите кои се решија во живо да го следат шоуто за кое потоа се зборува со месеци. Во публиката присутни биле  голем број домашни музичари, изведувачи, актери, водители, спортисти, медиумски работници, лица од бизнис заедницата. Присутни биле и  познати лица од политичкиот живот, како од опозицијата, така и од владејачката партија.

Фокусот на годинешните шеги на манифестацијата била  актуелната политичка состојба во државата која трае речиси цела година, како и настаните кои оставија белег во нашето општество во изминатиот период. Како и секоја, така и оваа година се доделија многу награди, а меѓу нив беа: Тамара Тодевска со награда за најдобар концерт, најдобар албум и награда за најдобра пејачка. Игор Џамбазов ја подигна наградата за трајни вредности, Евгениј Поп Ацев доби награда за најдобар спортист, емисијата „Во недела попладне“, доби награда за најдобра емисија…

Напишете коментар