„Комуналец“ ќе спроведе акција за вонредно собирање отпад
На 28.02.2016 година (недела) од 8 до 16 часот Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ќе спроведе акција за вонредно собирање отпад од гранки и треви од дворните места на граѓаните од градот.
За таа цел се повикуваат граѓаните кои што имаат таков вид на отпад да го изнесат пред нивните куќи и да се јават на дежурниот телефонски број 034 325 909 за да можат екипите на „Комуналец“ да го подигнат.