„Комуналец“ го надополнува урбаното уредување во градот
Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ продолжува со надополнување на урбаната опрема во градот. Деновиве, нови клупи се поставени на булеварот „Ленинова“. Од „Комуналец“ информираа дека нови клупи ќе бидат поставени и на булеварите „Гоце Делчев“ и „Маршал Тито“.