Колумна- Сакај ме сега, не во Понеделник
Се повеќе се разделуваме еден од друг, се губиме во времето и просторот да создадеме подобро утро, утро кои можеби ќе биде подобро, но дали ќе имаме со кој да го споделиме тоа утро.
Телефонот ни ѕвони, не креваме, да во мислите си викаме уште ти ми фалиш, јас не знам кај ми е главата па со тебе ќе се замарам, но дали знаеме кој е причината поради која ни ѕвонат, понекогаш самите себе се повлекуваме во себе мислејќи дека така ќе ни се намалат проблемите, а со тоа само повеќе ги наталожуваме .
Тато ај да си играме, остај ме сега нели гледаш дека имам работа, ама тато кога после , секој ден кажуваш после и никогаш не си играме….
Друже дај да пиеме кафе, е брат не можам сега во гужва сум дај ќе се чуеме, и поминува месец, два , три и кафето уште не е испиено….
Газиме се пред себе само да успеаме а при тоа губиме многу….
Често пати остануваме сами со себе и својата гордост, при тоа немајќи со кого да ја споделиме нашата тага, нашата радост.
Фејсбукот ни е поважен и колку лајкови ќе собереме со нашата слика, украден статус, сликите на комшијата и комшиката на одмор, на вечера, на ручек…..
А нашите сакани во домот, ни се секогаш во втор план, се оделуваме од нив заради фејсбукот и заради мислењето шо ќе кажат другите околу нас….
Дали при тоа не си ставаме маски и глумиме нешто што не сме ние во суштина…
Каде е љубовта денеска, пред некое време можеа да се видат искрите помеѓу заљубен пар седнат во кафич и погледот што не го отргнуваат од себе, а сега погледот не се тргнува од телефонот.
Ме погоди мислата не едно младо шест годишно момче Андреј, Сакај ме сега не во Понеделник, колкава ли само длабока мисла во главата на една детска искрена душа….
Кога последен пат сте ги кажале вие овие зборови….
За љубовта нема време за губење….. Сакајте се сега не во Понеделник…Вторник…Среда..итн..итн..
Љубовта е главен двигател на нашиот живот, затоа и Да ги знам сите човечки јазици дури и Ангелски, без љубов ништо не сум….
Љубовта треба да биде искрена, чиста , без данок на додаден вредност…
Автор –Даниел Ѓоргиев