Колумна на Ристо Ѓоргиев- Apathıa – Апатија
Пред неколку дена Основното Јавно Обвинистелство испрати писмо до Специјалното Јавно Обвинителство, во кое изразува незадоволство од нивната работа, а притоа користи многу латински термини за да докаже дека добро го познава законот. Нивната љубов кон латинскиот јазик ме мотивираше да го напишам текстов и спротивно од нивниот апатичниот дух и да им помогнам со еден клучен латински збор, притоа објаснувајќи им, зошто сме на ова дереџе.
„не сум апатичен, не сум убаво спиен“
Тоа е зборот Apathia – Апатијата се дефинира како: бесчувственост, затапеност на чувствата рамнодушност, немарност, депресија, состојба во која кај човекот, ништо не може да предизвика ни радост ни жал.
Ниту еден збор не ја опишува подобро работата на ОЈ, на судските органи, на државата во целост, а и на целото општество. Доколку некогаш некој лингвист треба да опишува што е перфектна апатија, тогаш Македонија би му била идеален пример.
ОЈ имаше безброј прилики на чело со Зврлевски да започне истраги по сериозните индиции, за уште посериозен криминал, но живеејќи во нивната идеална апатија, нив не ги интересираше што се случува државата. Сега кога статус-кво повеќе не постои, ОЈ се разбуди од сонот и премногу му смета тоа што некој се бори да ги стави криминалците зад решетки.
Но, да не застануваме таму, „Сваровски судството“ е уште еден пример за апатија. Една од трите столбови на власта која треба да го одржува балансот во општеството е во толку длабок сон, што го преспа целиот криминал во сопствената пештера. Апатичното судство се буди само тогаш кога треба да се казнат граѓани кои продавале коприви на пазарче, не дај боже украле ќебапи или тешко се огрешиле со варење ајвар на јавно место. Тогаш, може да пресуди инстанто, но не може да отклучи и пронајде телефони, не може да отвори УСБ стик, не знае да tn1_20160602_095015_svarovski1.jpgдодели притвор или да прифати барање на СЈО.
Наредна станица на возот апатија, македонско здравство. Постојано се реновираат болници, а никогаш не сме ги виделе нови. Највисока стапка на смрт на новороденчиња и потполн молк околу тоа. Ужасни услови во болниците и за пациентите и за докторите и забрана за штрајк. Празен фонд и недостаток на лекови, ама 100 стапа на туѓ грб не болат.
Македонците премногу сериозно ја сфатиле онаа народната: „да му умре козата на комшијата“ па се што се случува и директно не ги погодува го земаат со неверојатна смиреност.
Во земјата на апатијата секое чудо не трае ни 3 часа. Па така сиот тој криминал што го открија „бомбите“ најпрвин беше од странски служби, па жолто комбе, па лепено, сечено и монтирано. Сега веќе не е важно затоа што истите тие луѓе ќе имаат можност да одат на избори и ако победат на истите никогаш да не одговараат за пљачката која ја опустоши Македонија. Токму ваквото однесување е доказ за перфектна апатија.
Боли кога ќе ве отпуштат од работа по партиска линија, ама смешно е кога тоа ќе му се случи на комшијата.
Смешно е да плаќаш за лифт во сопствената зграда оти си на први, смешно е што комшијата го казниле за варење ајвар, смешно е што комшијата чека 3 дена за пасош, па кој му е крив што нема врски.cvoozfhwaaa2j0y
Не боли кога нечие новороденче ќе почине оти не е твое, не предизвикува емоции што некој ќе го прегази детето на комшијата или некој непознаник оти не е твое. Не е страшно ако некој на сред плоштад претепа нечиј син до смрт, оти не е твој проблем. Не е важно ако се „самоубие“ заштитен сведок, му дошло времето.
Не е страшно што мораш да одиш на протест после работа, оти нели партијата ти даде работа. Не е важно што партијата ја уништи иднината на твоите деца и ја украде твојата идна пензија, оти нели не е твоја државата. Не е проблем што се селат младите, седи ќути си може да биде полошо.
Не е битно што некој живее како турски бег на твој грб, додека ти со 3 кредити едвај врзуваш крај. Нека живее Македонија ваква каква што е, оти си ти нели македонец и 10 години си технолошки вишок, додека другите се пазарат колку милиони мито да земат.
Не е важно што е вистина се додека лидерот и партијата велат дека не е вистина. Не важно дали е бело ако лидерот тврди дека е црно. Не е страшно што ќе се случи со Македонија во наредни те 10 години, важно е сега да се живее во земјата меѓу првите 10 во Дуинг бизнис. Не важно што пред една година директорот на Агенцијата за вработување, “вработуваше“ по 600 луѓе на ден, важно е да се памти дека СДСМ пред 10 години беше лош.
Македонецот мора во своите гени да има инсталирано апатија. Всушност, изреки како: „може да биде полошо“, „така било пишано“, „судбина тоа е“ се доказ за токму тоа вродена апатија.
Апатија кон државата ко да е уште во сопственост на Отоманската Империја, апатија кон луѓето ко да не постојат, апатија кон среќата ко да е мисловна именка, апатија кон животот ко да е завршен пред да почнал, апатија кон правдата ко да е непотребна.
Апатија кон љубовта ко да е излишна и непотребна, апатија кон културата ко да е отров, апатија кон спортот ко да е штетна дрога, апатија кон злоупотребата ко да е добредојдена, апатија кон политиката ко да се решава иднината на Марс.
Би можел да продолжам вака барем уште неколку страници, ама нема, затоа што од апатија ни ова нема да го прочитате. Е токму тоа драги наши македонци не држи заробени со векови во ропство, слугување, аргатлак, угнетување и понижување. Токму ваквата апатија повеќе од 20 години не држи затворени во магичен круг каде истите луѓе се богатат, а другите умираат.
Уште пострашно е што кај нас луѓето кои не се апатични се сметани за луди.
Драги Македонци, доколку сами не можете да ја победите апатија дозволете им на другите да ви покажат дека светот без апатија е многу поубав. Пробајте променете нешто, политички, животно, работно, во љубовта, во било што, од емоции, несебичност, пожртвуваност и грижа за другите не се умира.