Ќе се стави ли крај на дивите препродавачи ?

Со доагањето на летниот период се појавуваат и дивите препродавачи на зеленчук и овошје, кои ги узурпираат улиците и тротоарите.
Оваа грда слика се појавува секоја година. Граѓаните се жалат дека оваа веќе не се поднесува, кој каде ќе му падне на памет таму си ја складира својата тезга.
Тие апелираат до сите надлежни институции во градот да преземат мерки, бидејќи нивните домови се узурпирани од таканаречените бизнисмени кои по цели месеци преседуваат на овие места и зад себе оставаат секаков вид на отпад.
Притоа влезовите пред нивните домови се блокирани и тие не можат слободно да се движат.
13932760_10209623628164373_4569630645238476211_n

13886887_10209623953572508_6771161891756753891_n

Напишете коментар