Ќе се спроведе авионско прскање против комарци на територијата на општина Струмица
Општина Струмица ги известува граѓаните дека ќе се спроведе авионско прскање против комарци. Првото прскање е планирано на 11.06.2016 година во раните утрински часови, односно, во периодот од 4,30 до 9,30 часот. Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото, ќе се спроведе на 12.06.2016 година во истиот временски период.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно, да ги затворат истите во најавениот временски период.