Како да Направите Органско Бадемово Млеко
За сите проблеми кои ги имаат конвенционалните млечни производи, една здрава, алкална и евтина алтернатива е бадемовото млеко. Бадемовото млеко е ниска гликемиска алтернатива на оризовото млеко и не предизвикува проблеми со нивото на хормоните како што тоа го прави млекото од соја. Тоа може да се користи наместо обичното млеко за секакви рецепти и пецива. Бадемовото млеко е лесно да се направи и има лесен вкус.
Состојки:
- 1 чаша органски бадеми – накиснати во текот на една ноќ (овој чекор го намалува нивото на фитати)
- 4 чаши чиста филтрирана вода
- лист од ванила (опционално)
- мед или стевиа (опционално)
Инструкции:
- Потопете ги бадемите најмалку 12 часа во вода со ½ лажичка морска сол. Ова е важен чекор, бидејки ги разградува инхибиторите на ензими и фитиновата киселина и се произведуваат корисните ензими во бадемите. (Забелешка: бадемите треба да се потопат во вода и пред да се јадат. Потопете ги во солена вода 12 часа, исплакнете ги и исушете ги во печка на најниската температура)
- Исплакнете ги бадемите. Измешајте ги со чиста вода во блендер.
- Мешајте ги неколку минути додека смесата не стане мазна и кремаста. (Предупредување: смесата ќе се зголеми така да бидете сигурни дека вашиот блендер не е преполнет пред да го стартувате)
- Прецедете ја смесата во голем сад преку газа.
- Ставете ја мешавината назад во блендер со ванила, мед, сушено овошје или друг засладувач.
- Истурете го млекото во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер до една недела.
Забелешка:
Зачувајте го пулпот од бадемите. Ставете го на мрсна хартија и оставете го да дехидрира во рерна на најниската температура додека не е сосема сув. Измешајте го во блендер или дург уред за дробење додека не се направи бадемово брашно кое може да се користи во секакви рецепти како замена за обично брашно.