Johannes Beilharz Гостин на Здружението Контекст-Струмица
Следниот гостин на здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ е Јоханес Беилхарц (Johannes Beilharz) – поет, фотограф и уметник од Италија.
Во прилог превод на една од неговите песни како најава за неговото гостување во Македонија.
Во на(ј)скоро време ќе објавиме повеќе детали за неговото поетско претставување како и изложбата на фотографии во Струмица и Гевгелија. Се гледаме! smile emoticon
Од овој амалгам
на врева, звук, мирис,
сопствено и туѓо
искуство, носталгија,
копнеж, фрустрација,
спомени, лутина, настани,
сегашни и минати, вкус,
реклами, филм,
политика, војна, мир,
глад, љубов, музика,
книги, документи и
списанија прочитани
или разлистани, време,
планети, случај, судбина,
бескрајност и поврзаност,
и од било кое друго нешто,
понекогаш се раѓа една песна.
Сега немој да кажеш дека е како
Фениксот од пепелта…
(Препев на македонски јазик: Кристина Стаменова)