ЈАВЕН ПОВИК ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА!
Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица („Службен гласник на Општина Струмица„ бр5/06), Градоначалникот на општина Струмица објавува
ЈАВЕН ПОВИК
За прибирање предлог програми во рамките на приоритетната област “ Социјална заштита “ од Здруженија и Фондации од Општина Струмица за 2018 година за финансирање од Програмaта V2 Програма за Социјална заштита од Буџетот на Општина Струмица за 2018 година.
Финансиските средства предвидени во V2 Програма за Социјална заштита /трансфер до НВО, Од Буџетот на Општина Струмица за 2018 година ќе се доделуваат на Здруженија и Фондации од Општина Струмица за проекти во рамките на Стратегијата за Социјална заштита на Општина Струмица до 2020 година, соодветни на приоритетните области и цели.
Право на учество
Како субјекти кои можат да конкурираат со свои програми се определуваат Здруженијата и Фондации, со седиште во Општина Струмица, како матична општина каде физички ќе се реализираат проектите.
Вредност на проектите кои ќе се финансираат
Согласно Методологијата за транспарентна распределба на финансиските средства за проекти од граѓанските организации, усвоена од Советот на општина Струмица, највисокиoт износ ќој ќе се доделува за проекти е 250.000,00 денари, а најнискиот износ кој ќе се доделува за проекти е 60.000,00 денари
Подобност на подносител на проект(апликант)
Основни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:
– Организациите кои се јавуваат на јавниот повик да се регистрирани согласно Законот за здруженијата и фондации на Р.М;
– Организациите кои се јавуваат на јавниот повик да се регистрирани на територија на Општина Струмица;
– Остварување на програмите и дејствувањето на организациите кои се јавуват на јавниот повик да се во рамките на Уставот и Законите на РМ,
– Програмите со кои организациите се јавуваат на јавниот повик да се имплемeнтираат единствено на територија на Општина Струмица;
Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:
– Предлог програмите да кореспондираат со Стратегијата за Социјална заштита на Општина Струмица до 2020 година;
– Предлог програмите да бидат изработени и доставени на начин дадено во упатството со насоките и обрасците (формуlарите) составен дел на јавниот повик;
– Доделените средства да се користат исклучително за намената за која ќе бидат доделени и на начин определен во предлог програма,согласно образецот за Буџет на проектот;
– За сите програми задолжително е кофинансирање во износ од најмалку 10% од вкупниот буџет на проектот.
– Организациите(здруженијата и фондациите) кои се јавуваат на јавниот повик како апликанти може да настапуваат со една програма самостојно или да вклучат соработници;
Времетраење на реализацијата на програмите
Програмите може да бидат со времетраење од најмалку 6 до најмногу 8 месеци. Програмите(програмските активности) мора да се спроведат во периодот од мај 2018 до ноември 2018 или до декември 2018(со отстапки од утврдениот рок во методологијата по претходна писмена најава, или:
Планиран термин за реализација на активностите од програмите е: 01.05.2018 до 10.11.2018 година, кога се поднесуваат и комплетните завршни наративни и финансики извешти, секако со можност за отстапки за евентуално продолжување на истиот од оправдани причини, но не покасно од 31.12.2018 година.
Потребна документација која Здружението или Фондацијата треба да ги достави кон Пријавата.
Покрај пријавата како анекс бр. 1, организациите кои се јавуваат на јавниот повик( здружението или фондацијата) која треба да биде пополнета со печатни букви во кирилично писмо, потпишана од застапникот , заверена со печат и штембил, изработена соодветно на даденото упатство и насоки, составен дел на јавниот повик, апликантот во прилог на истата задолжително треба да ги достави следниве прилози-анекси:
Анекс 2 Преглед на буџет
Анекс 3 Логичка рамка
Анекс 4 План на активности и видливост/промоција
Анекс 5 Формулар со административни податоци за подносителот
Анекс 6 Формулар со финансиски податоци за подносителот
Анекс 7 Изјава за подобност
Анекс 8 Листа за проверка
Напомена!
Пријавата со прилозите се достапни и може да се превземат од веб страницата на Општина Струмица (www.strumica.gov.mk) во работна верзија! Документите се доставуваат во два идентични примероци во хартиена форма и иден примерок во електронска форма(CD или USB).
Како и задолжителните дополнителни документи:
1. Копија од важечка потврда/решение за регистрација на организацијата во земјата (за носителот на проектот/подносителот и евентуални партнери),
2. Копија од статутот на организацијата (подносителот и партнерите),
3. Копија од завршниот годишен финансиски извештај за претходната година/завршна сметка (биланс на успех и биланс на состојба) заверен од надлежна институција за финансиско работење или овластен сметководител, освен доколку организацијата е основана во тековната година,
4. Профил на организацијата
5. Годишна програма на активности за 2017/2018 година;
Начин на достава на Проектната документација
Два оригинални примерока во печатена форма и еден во електронска форма на CD или USB од комплетната документација (наведена во упатството за аплицирање), да се достават поп пошта или на рака во Архива на Секторот за ЛЕР, ЗЖС, Мс и ЕФ на следнава адреса:
Општина Струмица
Одделение за ЛЕР
Адреса: ул. „Благој Јанков Мучето“ бр.37, поранешен Дом на АРМ,
2400 Струмица
За да бидат прифатени, пријавите мора целокупната докуметација се доставува исклучиво по препорачана пошта или лично, во запечатен плик на кој е назначено дека е за јавниот повик, во работни денови (понеделник до петок), помеѓу 08:00 и 16:00 часот, во рок од 21(дваесет и еден) ден од денот на објавување на Јавниот повик.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е дваесет и еден (21)ден, вклучително и денот на објавување на јавниот повик. 02.04.2018(понеделник) до 16:00 часот.
На предната страна на пликото Во горниот лев агол да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол да стои: Адресата на донаторот и под истата назнаката „ За Јавен повик за Програми од V2 Програма за Социјална заштита со точно наведена приоритетна област-Социјална заштита“.
Напомена!
Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Апликациите кои ќе пристигнат по зададениот рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање кој е пред официјалниот краен рок. Примената документација не се враќа!
Лице за контакт:
Тони Милушев
Раководител на Одделение за ЛЕР/Општина Струмица
Тел:034/340 224.
mail: [email protected]
ГРАДОНАЧАЛНИК на
ОПШТИНА СТРУМИЦА
Коста Јаневски