Јане Атанасов се Сели во Интер
Фудбалерот на Академија Пандев Јане Атанасов од јануари наредната година ќе ги брани боите на италијанскиот гигант Интер.
Официјалниот договор меѓу Атанасов и Интер треба да биде потпишан наредниве денови. Ова го соопшти Горан Пандев за „ВИС“.
Јане е првиот играч на оваа школа кој прави голем трансфер и тоа во клубот каде Горан Пандев премина кога имаше само 18 години, а деценија подоцна со овој тим ја освои и тројната круна.
Како што е познато, и самиот Горан Пандев на 16-годишна возраст од струмичка Беласица реализираше трансфер во Интер од каде потоа ја продолжи блескавата интернационална кариера.