ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АУДИЦИЈА НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ ЉУБИТЕЛИ НА ТЕАТАРСКА ИГРА ОД ОПШТИНА БОСИЛОВО
Од 04.10 – 20.10. 2015 година, Здружението за култура „Транзен“ од Струмица во
 рамите на проектот „Развивање и ревитализација на руралните средини преку
 уметност и култура“ финансиски поддржан од програмата Цивика Мобилитас на
 Швајцарската Агенција за развој и соработка спроведува АУДИЦИЈА.
 Со оваа аудиција ќе се одберат актери – амтери кои ќе учествуваат во театарска
 претстава што треба да се подготви во следните три месеци, подготовката на
 претставата ќе ја раководи и режира Стојан Велков Трн во просториите на КУД
 „Гоце Делчев“ во Општина Босилово.
 Одржувањето на претставата е дел од проектните активности зацртани со овој
 проект.
 На аудицијата може да се пријават лица постари од 15 години, а помлади од 75
 години. Сите заинтересирани може да се пријават или да добијат подетални
 информации на телефонскиот број 071 85 99 33.
 После пријавувањето ќе биде договорена дата за аудиција 

