Изградба на пристапен пат од Колешино до Колешински водопади
Општина Ново Село заврши со асфалтирањето на пристапниот пат од Колешино до Колешинските водопади. Патот е во должина од 1300 метри и ширина 4 метри со банкини од 1 метар од двете страни на коловозот. Изграден е и паркинг со површина од 330 m2, бетонски риголи и земјени канафки за одводнување на патот. Вредноста на овој проект изнесува 11.600,000 денари, дел од средствата се обезбедени од АФПЗРР од Програмата за рурален развој 2015 година а дел од Буџетот на општина Ново Село. Со изградбата на овој пристапен пат обезбедени се подобри услови за граѓаните и туристите кои сакаат да ги посетат Колешинските водопади.