ИТНО И ВАЖНО: Група за граѓански активизам за помош на настраданите
Ве известуваме дека на социјалната мрежа „Фејсбук“ веќе активно и континуирано функционира групата Humanitarna pomos za poplavenite semejstva vo Skopje до којашто може да се пристапи на следниов линк: https://www.facebook.com/groups/530772140451538/
Од граѓаните коишто ја водат иницијативата за граѓанска ангажираност за помош на настраданите и граѓанската помош за санирање на штетите во сите настрадани подрачја се аплира сите граѓани коишто се активни на социјалната мрежа и сакаат континуирано да помагаат и континуирано да се во тек со сите случувања и потреби од граѓански активизам да се зачленат во јавната група.
Во групата, редовно се објавуваат информации за:
– потребна помош од волонтери;
– потребна помош во вид на донации;
– информации за нови собирни места за помош;
– информации за расположливи човечки ресурси за директна помош;
– информации за состојбата на терен, и во настраданите подрачја и на местата за собирање донации.
Администраторите и модераторите на групата се организирани со континуирани дежурства и за логистика, давање помош, обезбедување контакти за иттно интервенирање и повикување на надлежни институции, теренски активизам итн. Се работи во смени, поради потребата и од теренска активност во којашто активно учествуваат и администраторите и модераторите на групата. Во групата има достапен упатен администратор или модератор, 24 часа.
Преку групата, организирано ќе се постапува во секој миг на потреба на граѓански активизам и согласно потребите ќе се организираат настани коишто се потребни.
Ве молиме за објавување на оваа информација поради создавање услови за континуирана организираност и координираност за граѓански активизам во овие тешки моменти.