Хорот и оркестарот при ООУ Борис Трајковски-Моноспитово со награди на државниот натпревар во Кавадарци
Членовите на хорот и музичкиот оркестар од училиштето Борис Трајковски од Моноспитово учествуваа на традиционалниот државен натпревар по музика кој се одржува секоја година во Кавадарци.
Посветеноста како и трудот на менторот, професорката Ленче Велкова, како и на самите ученици вроди со плод.
Тие на натпреварот го освоија третото место за хор и трето место за оркестарот.
Претходно на регионалниот натпревар кој се одржа во Струмица, со учесници од сите општини кои гравитираат во Струмица тие го освоија првите места како за хор така и за оркестар.
Оваа се само дел од наградите на хорот и оркестарот при училиштето Борис Трајковски и професорката Ленче Велкова, тие секојдневно се посветени кон својата љубов а тоа е музиката.
Вкупно 41 ученик се дел од музичката секција која се стреми кон нови успеси , и тоа во хорот членуваат 26 ученика, а во оркестарот 15 ученика.