Група млади од Куклиш ја бараат „велосипедската патека“
Група граѓани, претежно млади луѓе од Куклиш, денеска преку прес конференција ја побараа ветената велосипедска патека од градоначалникот Зоран Заев, а и негова оставка за неисполнување на ветеното.
„Подолго време општина Струмица е без градоначалник. Сегашниот, Зоран Заев глуми градоначалник, а си тера други агенди. Тој сами ги троши нашите пари, а во општината на виделина нема ништо.
Проектите кои ни ги ветуваше останаа на хартија, а каде завршија парите само тој знае. Денес го прашуваме Заев за еден проект кој тој ни го вети, изградба на велосипедска патека од Струмица, преку Куклиш до Габрово. Каде е велосипедската патека која ни ја ветивте, зошто не излажавте? Каде завршија парите за изградба на патеката?
Вознемирени и загрижени од неодговорното и недомаќинство работење на самиот Заев, денес се собравме и бараме негова неотповиклива оставка и распишување на вонредни градоначалнички избор наесен. На граѓаните на општина Струмица им треба градоначалник кој ќе ги решава комуналните проблеми и ќе има слух за маките на струмичани“ – изјави Љубинка Црнгарова, жител на селото Куклиш.
преземено од СтрумицаНет