Grey Solutions е првата маркетинг и ПР платформа на Југоистокот
Grey Solutions е првата маркетинг и ПР платформа на Југоистокот која работи на Адвертајзинг (дизајн, графика, сценарија, креативни стратегии, медиумски планови и позиционирање на пазарот, кампањи), ПР (Односи со медимуи, односи со јавноста, кризни планови,стратегии за надворешни и внатрешни комуникации, пишување соопштенија, говори, изјави Q&A, менаџирање настани и медиа клипинзи) и Маркетинг (Интегрирани маркетинг комуникации, маркетинг на нови медиуми, директен маркетинг,анализа на пазар, репутација).
Платформата своето работење го започна најнапред со различни обуки и презентации за граѓаните, а понатаму ќе продолжи и со конкретни проекти за компании. Првата презентација ја одржаа во четвртокот во Пионерскиот дом во Гевгелија на тема Дигитален маркетинг, а за периодот кој претстои претставување со специјален гостин ќе се одржи и во Струмица.
Нејзиното формирање е поради светските трендови и начинот на живот кои ја наметнуваат потребата од маркетинг на компаниите, институциите и индивидуалците кои делуваат јавно. Grey Solutions помага како тоа да го прават најдобро за своите клиенти.
На оваа платформа работат исклучителен тим од талентирани, едуцирани креативци и ПР стратези.
https://www.facebook.com/greysolutionsmacedonia/videos/1274711092623316/