Граѓани на Струмица бараат Оставка од градоначалникот Заев
Незадоволни граѓани на Струмица во кампот во градскиот парк во Струмица бараат оставка од градоначалникот. Пензиоонерот Димитар Ангелов побара Зоран Заев да си замине од функцијата градоначалник, да се соочи со народот и да распише нови локални избори.
„Заев не е градоначалник на струмичани. Тој е само лидер на неговата партија. Тој не обрнува ни трошка внимание на Струмица. Наместо да бега, да држи пресови во Скопје и во други градови, нека дојде тука во Струмица, каде што ние го плаќаме“, рече Ангелов.
Група граѓани веќе подолг период протестираат пред општинската зграда во Струмица и по објавувањето на снимката за наводниот поткуп, бараат оставка од градоначалникот.
„Заев треба да дојде тука, во Струмица и да ни објасни зошто ниту едно ветување не е исполнето, зошто ветувањата за нови канализации, нови водоводни системи, нови плоштади и осветлување-ништо од ова не е исполнето. Зошто Струмица е напуштена и е единствена општина без градоначалник. Зоран Заев е човек без образ и без кредибилитет и има изгубено контакт со реалноста. Со барањето на мито од 200.000 евра тој остана без образ и кредибилитет“, вели Ангелов.