Екипата на кафе бар „Селект“ од Струмица е победник на годинешниот „Street basket“-Владевци
Екипата на кафе бар „Селект“ од Струмица е победник на годинешниот „Street basket“ турнир што по трет пат, а по повод селската слава Голема Богородица, се одржа во селото Владиевци.
Второпласирана е екипата на „Нипром“ од Струмица, а за третото место се изборија „Авто парк“ од домаќинот Владиевци.
За најдобар играч прогласен е Дуле Костуранов од екипата на Нипром.
Наградите на најдобрите им ги врачи градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов.
Завршната вечер на турнирот беше збогатена со културно-уметничка програма во изведба на КУД „Илинден“ од Радичево и „stand up“ комедијата на Аце Мешо од Ново село.
„Street basket“ турнирот се одржува под покровителство на општина Василево, а годинава учествуваа вкупно 10 екипи.