Драгана Костова го освои второто место на 20 Мегународниот натпревар на млади пиајнисти,кое се одржа во Шабац -Србија.
Општинското основно музичко училиште „Боро Џони„ може да се пофали дека има многу музички надарени ученици и одлични професори,кои професионално се посветени на работата.Еве уште еден доказ за тоа-Ученичката Драгана Костова од Струмица блесна со својот настап на 20 Мегународниот натпревар на млади пиајнисти,кое се одржа во Шабац -Србија.
Прекрасната насмевка на Драгана Костова уште еднаш блесна.За неа може да се рече дека се и оди како песна.Таа освои високо второ место.Професорката Ана Тимова Цунева премногу се залагаше ,за да се постигне овој успех.Срекни се заедно двете.Сјајот во очите ја покажува нивната среќа.Драгана е срекно дете.Таа често знае да каже дека пијаното и песната се нејзиното среќно детство.Музиката и песната се нејзиното секојдневие.
Таа со љубов зборува за нејзината професорка Ана Тимова Цунева ,која е пример за добар професор и добар другар.Драгана со насмевка вели дека за неа секоја песна е лесна и секоја композиција е игра за нејзините мали прсти.Нејзините мали прсти танцуваат по црнобелите дирки на пијаното,а на срекета и нема крај.Драгана Костова е ученичка во петто одд. во ООУ„Никола Вапцаров„ од Струмица.Таа настапува на училишните приредби,кои ги разубавува со нејзината убава песна.Честитки за Драгана и за нејзината професорка Ана Тимова Цунева.