Драган Јованов – Фитомедицината како помош при несоница
Симптоми при несоница
– Постојани тешкотии при заспивање
– Неспиење во текот на ноќта
– Будење пред вообичаено време
Обратете се на доктор
– Ако немирно спиете над еден месец без особена причина
– Ако несоницата е сврзана со одредена промена во животот како што е губењето на работата или саканата личност
– Ако вашиот лек за спиење повеќе не делува
– Ако ви се чини дека никогаш не успеавте доволно да се наспиете и ако одненадеж заспиете во текот на денот. Можеби страдате од нарколепсија.
Несоницата можеме да ја опишеме врз основа на траењето и тежината. Миниливата несоница се сврзува со привремени пречки во нечиј вообичаен распоред на спиењето – која може да биде предизвикана од патување или менување на местото на престој – и вообичаено не трае повеќе од неколку ноќи.
Краткотрајната несоница, што трае 2 до 3 недели, може да биде придружна појава на загриженоста или стресот и исчезнува кога ке исчезне вистинскта причина.
Хроничната несоница е посложено нарушување со можни тешки последици, вклучувајќи ги и имунолошките нарушувања. Кога луѓето немаат мирен сон подолго време, телесното производство на природните клетки-убици кои се важен ден од имунолошкиот систем, сен намалува и влијае на намалувањето на отпорноста на болести.
Ретко нарушување нареено нарколепсија е карактеристично со појава на сонливост на која тешко може да се совладаат во текот на денот и кои го нарушуваат работниот распоред на вобичаено активно лице. Нарколептичарот нема добро да спие во текот на ноќта додека зборува, работи или дури додека управува со возило-што може да биде опасно за живот.
Кои се причинителите за несоници?
Несоница може да ја предизвика физичка болест , начин на живеење исполнет со стрес, прекумерено користење на кофеин, или хронична болка. Несоницата исто така може да биде последица на лошите навики во спиењето, како што се дремење во текот на денот или заминување на спиење многу доцна. Таа вообичаено се сврзува со алкохолизам и злоупотреба на дроги и некои лекови. Специјалистите кои се занимаваат со нарушувањето при спиењето процениле дека околу половина од несеониците се предизвикани исклучиво од психолошки фактори. На пример, стресот предизвикан со состојбата како што е проблематичен брак, хронично болно дете или недоволно платена работа може да го нарушат спиењето.
Депресијата е најчест проблем при несоница, а луѓето кои имаат проблеми со анксиозност, шизофренија и други психијатриски нарушувања, исто така, може да имаат нарушен сон.
Некои телесни болести влијаат на сонот, особено нарушувањата на срцето, белите дрбови, бубрезите, црниот дроб, панкреасот и системот за варење. Прекумереното количество на шеќер во крвта може кај луѓето кои имаат дијабетес или хипогликемија да предизвика будење во текот на ноќта.
Вашите навики и начин на живеење можат да го нарушат спиењето. Прекумереното седење и неуредниот живот можат да придонесат до појава на несоница.
Многу болести го вознемируваат телото во толкава мера што го нарушуваат нормалното спиење. Меѓу нив е и една таинствена болест синдром на немирни нозе. Луѓето кои страдаат од оваа болест кажуваат за непријатно и страшно чувство кое се јавува додела мирно лежат и кое предизвикува несовладлив нагон за движење на екстремитетите, дури и за време на спиењето.
Збирот од причини наречени нарушувања на циркадијалниот ритам на спиењето го вклучуваат нарушувањето предизвикано од патување со авион и временските разлики и нарушување на сонот предизвикано од работа во смени.
Влијанието на околината како што е бучава, светлина и застојаниот воздух можат да предизвикаат несоница или да го намалат квалитетот на сонот, дури и тогаш кога всушност спиете.
Фитомедицинска помош при несоница
Многу луѓе кои лошо спијат едноставно, треба дополнително да се одмораат. Ако сте личност која често страда од несоница и ако обидите да заспиете ве прават побудни, некои фитомедицински постапки можат да ви помогнат да ја намалите грижата околу спиењето додеа го одморате телото и душата. Ако основна причина за несоница е стресот, мора да се леквуа тој проблем.
Смирувачко дејство може да се постигне со масло од камилица, лаванда, роза и мајоран. Доколку неколку капки ставите во водата за капење или ги вдишите, тоа делува позитивно врз вашиот организам, ве опушта за да можете полесно да заспиете.
Можете да искомбинирате масажа која ке го подобри сонот.
Половина час пред спиење напијте се од смирувачкиот чај од камилица, кантарион, цвет од липа, или хмељ за несоница предизвикана од нервна напнатост земете валеријана е делотворна и ретко предизвикува утринска сонливост. Направете чај од валеријана или земете од 15-20 капки масло ов валеријана капнете на коцка шеќер. Запомнете дека валеријаната како и секое средство за спиење, го умртвува централниот нервен систем и не би смеела да се зема секоја вечер.
Медитацијата јогата можат исто така да ја намалат напнатоста и да придонесат да подобрар сон.
Исхрана
Се вели дека мелатонинот, хормон кој природно го лачи хипофизата, предизвикува спиење без негативни придружни појави, обидете се да земете капсула од 5 мг пред да одите на спиење во период од 2 недели. Бидејќи искуството со овој хормон е ограничено, посоветувајте се со вашиот доктор. Земањето на калциум и магнезиум 45 мин пред спиење има смирувачко дејство. Високиот или нискиот шеќер во крвта може да го наруши спиењето. За да го регулирате нивото на шеќер во крвта, избегнувајте слатки и овошни сокови. За придвижување на нервотрансмитерите во мозокот, јадете храна богата со скроб, печен компир, парче леб или јаболко половина час пред легнување во постела. Топлото млеко традиционално помошно средство за спиење, може да има повеќе психолошко отколку физиолошко дејство. Тоа навистина содржи триптофан, аминокиселина која предизвикува сон, но, исто така, содржи и многу други аминокиселини кои се обидуваат да влезат во мозокот.