Доделени уште 5 станови за деца без родители во Струмица
Од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, подружница Струмица информираат дека од социјалните станови коишто се доделуваат во Струмица, Гевгелија и Радовиш остануваат уште по еден во секој град. Во изминатиот период во Струмица беа доделени 5 вакви станови.
Доделени уште 5 станови на деца без родители и родителска грижа во Струмица. Реализацијата на проектот на Владата значи решавање на основното прашање за секоја фамилија за создавање сопствен дом и добри услови за семејно живеење. Стојанка Ментинова од Струмица е едно од лицата кои во изминатиот период добија комплетно опремен и веднаш вселив стан. Како што вели таа, среќата е неизмерна затоа што со тоа го решила станбеното прашање.
Од подружницата на Акционерското друштво за стопанисување во Струмица, информираат дека од 12-те станови за оваа категорија граѓани остануваат уште 3 и тоа по еден во Струмица, Гевгелија и Радовиш. Оттаму апелираат до граѓаните кои спаѓаат во оваа категорија да аплицираат за добивање стан. Дополнително финансиско олеснување на лицата кои ќе ги користат становите е тоа што се опрмени со мебел и бела техника, велат надлежните.
За добивање социјален стан може да аплицираат лица кои имаат над 18 години и коишто до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици на згрижување за деца без родители. Корисниците плаќаат закупнина од околу 1.200 до 2.200 денари, којашто се формира според градбата на зградата, големината на станот и во зависност од тоа на која страна од зградата се наоѓа станот. Додека договорите се склучуваат на неопределено време.
преземено од Струмица Денес