Дневен ред за 39-та седница на Советот на општина Василево
Во четврток, 28.04.2016 година, со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 29-та седница.
За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2016 година за периодот од 01.01.2016 до 31.03.2016 година (К-1).
Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2016 до 31.03.2016 година (К-2).
Квартален извештај за промени на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2016 до 31.03.2016 година (К-3).
Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или сообраќајната инфраструктура воопшто нема да се предвиди и вклопување на бесправниот објект – индивидуална станбена куќа на К.П бр. 2394 во КО Доброшинци.
Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект – помошен објект на К.П бр. 1153 во КО Градошорци вон гр.
Донесување на одлука по барањето поднесено од Џамискиот одбор од с. Градошорци.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.