Директори од Струмица на регионална конференција во Белград
Од 25 до 29 октомври во Белград се одржува третата регионална конференција на директори и управници на училиштата од Југоисточна Европа. Општина Струмица ја претставува група од девет директори кои учествуваат во предавања и работилници на тема „Мотивација во образовно – воспитниот систем“. Целта на конференцијата е да се едуцираат директорите за имплементирање на нови пристапи кои ќе ги мотивираат сите актери во образовниот систем.