Денес е Св.Параскева-Петка
Во православниот каландар постојат три личности со исто име света Параскева – Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Овие личности името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот бил ден за подготовка поради тоа што кај Евреите во претхристијанскиот период саботата била празник. Оттука Параскева значи подготовка.
Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите ѝ беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога ѝ умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого. Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј ѝ ја отсече главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век.
Култот кон света Петка – Римјанка, кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести.