Црвен Крст со Крводарителска Акција во Јахја Кемал
Црвен крст Струмица на 03 Декември во соработка со службата за трансфузиона медицина спроведе крводарителска акција во колеџот Јахја Кемал Струмица на која дарители беа учениците од тоа училиште, наставниците и враотените во истото. Голема благодарност до директорот на училиштето што секогаш ги поддржува како крводарителските така и друг вид на хуманитарни акци и предаванја што се дел од Црвен крст Струмица. Како и до наставниците кои секогаш се спремни да бидат крводарители за да бдат позитивен пример на своите ученици со што ке покажат што значи да се биде хуман и да се спаси нечиј живот.