По 7 пат Магијата наречена Концерт по Маски
Големата сала при НУЦК Антон Панов синоќа беше претесна за да ги собере сите посетители кои имаа желба и годинава да го проследат оваа волшебство спој од маски и музика наречена Концерт под Маски.
Музичкото училиште Боро Џони уште еднаш покажа дека се големи креативци при создавање на овој концерт, годинава поситителите имаа можност да ги проследат ликовите од цртаните филмови како Волшебникот од Оз, Оливер Твист, Матилда и др.
Овој концерт почнавме да го подготвуваме во септември месец, а веќе во декември да започнеме со поинтезивни подготовки, учениците и вработените со голема љубов и посветеност работеа на овој концерт, изјави директорката на училиштето Клара Вета Патарова.
Еве дел од синоќешната атмосфера од концертот…