Ристов- По предлог на УМС, Струмичани ќе добијат читална
Наскоро читална и во Струмица. Ова денес на прес конференција го најави Владимир Ристов од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица. Читалната ке биде сместена во Центарот за култура „Антон Панов“, а истата ке има капацитет од 150 места и комјутери кои ке бидат на располагње за корисниците. Денес на градскиот плоштад се делеа и флаери со цел струмичани поблиску да се запознаат со работатата на читалната. . Според најавите, читалната треба да започне со работа во јануари 2017 година.