Првиот Училишен Ден на Ѓорги Калајџиев
Првиот училишен ден долго останува во сеќавање на сите нас, некои го паметат по убаво некои имаат лоши сеќавања од овој прв училишен ден.
Каков беше првиот училишен ден на нашиот познат новинар, водител, текстописец и поет Ѓорги Калајџиев.
Секоо гудина ка ќе дојде 1. септември, ми текнува на тај далечен 1. септември ка тргнах за прв пат на школо. Јас учаах у најстаарто школо у Струмица.
Да учаш у ,,Маршал Тито,, и у исто време да си Титов пионер беше ного гулема работа. Пудгутовките за тргнуване на школо трајаа десеттина дена, мош и повеќе.
Ми купии нов Буквар и разни други книги и тетратки и сите на време бее пуставани с`с мрсна харија. Пљус тава, ми купии нови молива, сметало, пуказалец и други такрафате шо спаѓаа у школски прибор. За Ѓорѓето – прволако имаше купано и комплет нова гардероба ; таа мити бела кушуља, тии мити кафени панталоне сушиини ут чиччто Ѕвонко Чурљино- шивачо (Бог доо просте) испегљани с`с раб, муу да застане да се пресече, тии ми ти чорапе – крем боја с`с кафена шара – самсии, самсии, и тии мити кондуре купани ут ,,Борово,, шо бее поголеми за еден број, за да ми се најдат за дугудина.
Ме избајнаа на 31. август (ако не беше сабота), а утредента ме облечее ут убаво поубаво, ме намирисаа с`с бугарско ливанто и ме исчешљаа с`с патец на страна (не се сеќавам дали ми кладее пиво на кооста за да не ми се растуре флизуурта). На тргнуване ут дома с`с ташната барбар, мајка ми истури пу мене една миса вода, за да ми врва шкоолто куту вода. А пред тава ми кладе едно чешне лук у џебо за да не ме урочат. Не оти бех некој за урочуване, оти си бех ушљо, а по лицето имаах и дамки, куту некоо ластувичка да мее посерала (да ми простете). И право да ви кажам, ного арно си прекарах на шкоолто.
Учителката Елица Каракирова (Бог даа просте) , ме пофали оти само јас ут цело одделение знајах да кажам песничка, и тава не песничка туку една длга песна ут Киро Донев, шо саа мее пријател, а се вика ,,Селскиот амбар Дамбар Думбар Дамбар,, .Учителката изненадена оти сам научил толко длга песна на тии гудини, толко ного ме испуфаљи шо станах у лицето црвен куту пионерска марама. Ка заврши шкоолто, толко бех среќен шо сам пуфаљан, шо пучнах да трчам накај дома за да ги израдувам мојте ут фамиљијата.
Арно ама, едно урсус дете ми га фрљи неговата ташна пред мене за да ме сопне, и јас целио се испружих на пато. Еми саа ? Ут колеента крв ми тече, а ут двете пачавици на новите панталоне виснаа партаље. Ујдех си дома плачајќи, ем ут шо ме болеше, ем оти ги скинах панталоонто, па ут горе и ќотеко го издех. Јас незнам дали ќутеко е излезен ут рајо, ама знам оти ѕвездите ги видех на 1.септември.
Автор Ѓорги Калајџиев