Кампања за Превенција од Провални Кражби
Секторот за внатрешни работи започна нова Кампања за превенција од провални кражби.
Воедно се делеа флаери на граѓаните се со цел запознавање и совети како да постапат при провални кражби.Според Хризантема Рендевска, потпарол при секаторот за внатрешни работи во Струмица, ваквата кампања е за подигање на свеста на граѓаните во делот на нивната безбедност,безбедност на нивните предмети и безбедност на домот,како да се заштитат доколку бидат мета на кражба.
Оваа кампања се работи во текот на целата година,но е позастапено во летниот период кога граѓание ги напуштаат своите домви и заминуваат на летни одмори.