Драган Јованов – Македонска современа фитомедицинска терапија при појава на остеопороза
Кои се симптимите при остеопороза
– Остеопорозата вообичаено не покажува никакви симптоми се додека не дојде до прекршување
– Болки во грбот
– Постепено губење на висината придружено со згрбавено движење
– Прекршување на рбетот, рачните зглобови или колкови
– Губење на коските во долната вилица
Треба да се обратите на доктор
– Ако имате болки во грбот и одеднаш почуствувате силна болка во грбот која може да биде показател на компресивно прекршување на рбетот предизвикано од остеопорозата
– Ако ренгенските снимки на забите откриваат губење на коскено ткиво во вилицата. Тоа може да биде знак за рана фаза на остеопороза.
Остеопорозата или така речено шупливи коски е болест која предизвикува постепено стенчување и слабеење на некогаш силните коски, па тие на тој начин стануваат пречуствителни на кршење. Остеопорозата е релативно ретка болест меѓу младата популација. Многу почеста е кај страите луѓе. Се смета дека околу 30 % од жените на возраст над 60 години имаат клинички знаци на остеопороза. Иако болеста ги зафаќа сите коски, најчесто доаѓа до кршење – фрактура на рбетот, рачниот зглоб или колкот. Кај постарите луѓе скршениците на колкот можат да бидат особено опасни, затоа што долгата неподвижност во текот на лекувањето најесто доведува до појава на крвни згрутчувања или воспаление на белите дробови. Околу една третина од постарите жени со скршеница на колкот умираат во рок од 6 месеци по кршењето. 75-80 % од заболените со остеопороза се жени. Експертите веруваат дека жените се поподложни на остеопороза затоа што нивните коски се обично полесни и потенки. Освен тоа, женскиот организам по менопаузата доживува хормонски промени кои, се чини, го забрзуваат губењето на коскената маса. Кај мажите остеопорозата е невообичаена се до седумдесетите години од животот.
Кои се причините за појавата на остеопорозата?
Иако причина точна е непозната за овој здрастве проблем, добро е познат процесто со кој коските стануваат шупливи. Обично 6 до 12 % од костурот на возрасно лице секоја година се менува со процесот на преградување на коските. По врвот на коскената маса, обично во 35 година од животот коските почнуваат да губат калциум, минерал кои ги прави цврсти, побрзо одколку што можат да го надополнат. Процесто на преградување се случува во помала мерка и коските почнуваат да се тенчат. Научниците веруваат дека забрзаното постменопаузно губење на коските е предизвикано од нагло опаѓање на телесното производство на естроген, кој, вероватно, го потпомага задржувањето на калциумот во коските.
Иако намалувањето на коскената густина е природен дел од стареењето некои жени се изложени на поголема опасност од порозни коски и скрѓеници предизвикани од остеопорозата. На пр. Слабите жени со мали коски и светла коса се изложени на поголема опасност, како и оние кои пушат, пијат прекумерени количества на алкохол или се движат недоволно.
Некои болести ја намалуваат способноста за адсорпција на калциумот, како што се бубрежните заолувања. Кушинговиот синдром и хипертиреозата можат да доведат до остеопороза на дел од желудникот или цревата или претерана употреба на глукокортикоиди, други стероиди или антиконвулзивни лекови. Долготрајната неподвижност поради одземеност или болест може да доведе до губење на калциумот а со текот на времето и до губење на коскената маса.
Природна помош при лекување на остеопорозата
Бидејќи остеопорозата тешко може да се излекува, односно тешко е коските повторно да станат здрави, превенцијата има решавачка важност. Фитомедицината и конвенционалната медицина нудат делотворни превентивни мерки за оваа болест.
Научните проучувања потврдиле дека вежбите под оптоварување оние кои ги оптоваруваат коските како што е трчањето, одењето, тенисот, качувањето по скали, аеробикот, фитнесот го намалуваат губењето на коскената маса и помагаат во спречувањето на остеопорозата. Ако сакате вежбите да бидат делотворни, мора да ги применувате бар 3 пати во текот на неделата по 40 мин минимално време. Пливањето или возењето на велосипед, иако благотворно дејствуваат на срцето и крвните садови не ја спречуваат остеопорозата бидејќи недоволно ги оптоваруваат коските.
Со помошта при лекување со лековити растенија не можете да ја излекувате остеопорозата но можете да го забавите напредувањето на ова болест. Лековитите растенија кои се користат во македонската современа фитомедицината за превенција при остеопороза се коњски опаш, луцерка, сладок корен, бел слез и киселица и др. Земајте ги секојдневно како чај или тинктура.
Исхрана
За да бидат сигурни дека жените внесуваат доволни количества па и мажите, значи калциум во организмот за изградба и зачувување на цврсти коски, експерти од алтернативната и конвенционалната медицина препорачуваат внесување храна богата со калциум, како што е посното мелко, посниот јогурт, брокулата, карфиолот, лососот, тофу сирењето, лиснатиот зеленчук. Освен јадење на храна богата со калциум, треба да избегнувате продукти кои содржат многу фосфор, затоа што тој го забрзува губењето на коскената маса Во храна богата со фосфор се вбројуваат црвеното месо, безалкохолните пијалоци, и храна со додатоци на фосфор. Навистина неколку проучувања научни покажале дека постарите вегетаријанци имаат погусти коски од оние кои јадат месо, иако некои други проучувања тоа не го потврдиле. Се смета дека претерани количества на алкохол и кофеин, исто така, го намалуваат количеството на адсорбиран калциум, па потребно е да се избегнуваат.