„Преку креативност поблиску до социјална инклузија“

Десетина младинци со интелектуална попреченост работно ангажирани во процес на рачна изработка на сувенири и украси
„Преку креативност поблиску до социјална инклузија“ е насловот на проектот кој ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица започна да го имплементира од мај, а е финасински помогнат од Општина Струмица преку Програмата V2 од Буџетот на Општината.


Општа цел на проектот е импакт кон развој на социјалното претприемништво за поголема социјална инклузија на лицата со интелектуална попреченост.
Клучни активности во рамки на проектот се: изработка на сувенирии и украси од гипс, глина, стакло, хартија и други материјали; работилници за изработка на сувенири и украси; работно ангажирање на лицата со интелектуална попреченост во изработката на сувенири и украси и продажба на изработките.
Целта на активности е развој на креативните способности и потенцијалите за себеизразување кај лицата со интелектуална попреченост. Најпрвин, ќе се создадат услови во Социјалниот Клуб (просторни, технички и професионални) во насока на работно оспособување или оспособување за дел од работен процес на корисниците од Клубот, што ќе придонесе до главната цел на програмските активности, а тоа е придонес кон развој на социјалното претприемништво за поголема социјална инклузија на лицата со интелектуална попреченост.

И родителите/старателите на лицата со интелектуална попреченост – членови на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица се дел од работилниците за стекнување вештини за изработка на сувенири и украси.
Вклучувањето и на родителите/старателите во ваквата иницијатива, како една почетна, пилотна фаза, претставува предуслов за разбирање и надминување на предрасудите и бариерите со кои тие се соочуваат, особено во оние области кои се најалармантни, во кои дефинитивно влегува вработливоста на лицата со попреченост.
Проектот чини 185.125 денари, од кои 146.025 се финасиска поддршка од Општина Струмица, а 39.100 се сопствено учество, овозможено од РЦПЛИП – ПОРАКА Скопје и сопствени средства од донации и хуманитарни активности.
Уште млаку до конечната продажба на рачните изработки. Следете ги активностите на ПОРАКА на Facebook на следниот линк: https://www.facebook.com/poraka.strumica/

Напишете коментар