Светата Православна црква денес го слави името и делото на Свети Гаврил Лесновски
Светата православна црква денес го слави името и делото на Свети Гаврил Лесновски.
Се родил во местото Осечко Поле кај Крива Паланка, а неговите родители биле имотни луѓе и биле блиски до царските советници. Тие долго време немале деца, но по нивните молитви милостивиот Бог ги дарувал со машко чедо. Детето добило соодветно образование и брзо напредувало во православната вера ин е се одделувало од Светото Писмо. Кога дошло време да се жени, родителите му нашле девојка од царски род, но таа набргу починала. Тогаш Гаврил ги замолил да се оддалечи од домот и да се замонаши. Тој добил благослов и заминал.
На сон му се јавил Ангел Господен кој му рекол да оди во своето родно место и да изгради храм на Рождеството Богородично на местото кое ќе му го покаже. Откако се разбудил тој се вратил назад и им раскажал на своите родители за сонот, а тие му дале пари и тој го изградил храмот.
Преподобниот заминал за Лесновскиот манастир и по големи искушенија, игуменот го замонашил и со негов благослов тој заминал на подвиг во некој скит во долината кон Злетово. Постојаните посети од луѓето го натерале светителот повторно да отиде оттаму и се преселил во местото Луково во една мала шума.
Свети Гаврил заминал уште подлабоко во дивината и кога дошол до некое место Облов врв таму се населил и поживеал уште триесет години. На тоа место тој го завршил својот свет живот и се претставил на Господа.
Никој не знаел каде се неговите мошти с? додека на сон не му се јавил на еден руски монах Јосиф кој се подвизувал во Софија. Тој му се јавил на сон и му кажал да оди на Облов врв и да ги земе неговите мошти. Монахот мислел дека е прелест с? додека по трет пат не му се јавил и тогаш монахот отишол кај Митрополитот и му го раскажал сонот. Митрополитот се распрашал за местото Облов врв, но никој во епархијата не знаел за такво место. Потоа Митрополитот испратил посланија до блиските епархии, прашувајќи ги епископите дали имаат таков рид во своите епархии. Набрзо пристигнал потврден одговор од Злетово. Митрополитот, со Јосиф и неколку свештеници заминал во Злетово и ги побарал моштите на Облов врв. Тие не можеле да ги најдат додека повторно не се јавил Преподобниот и им го покажал местото. Утредента моштите биле пронајдени и погребани во Лесновскиот манастир.
altЗабележани се многу исцелувања на овој гроб исто како и победата на некој кнез Михаил против Мавраган, повторно по застапништво на свети Гаврил. Деспотот Јован Оливер изградил нова велелепна црква на тоа место која и сега постои.
Манастирот „Свети Архангел Михаил“ и св. „Гаврил Лесновски“, во селото Лесново, Злетовско, го носи името на светителот.
Во 1341 година од страна на деспот Оливер врз темелите на постара црква била подигната црква посветена на Св. Архангел Михаил. Црквата го носела и името на Св. Гаврил Лесновски. Во пролошкото житие на Св. Гаврил Лесновски од 1330 година пишува дека црквата ја подигнал Гаврил посветувајќи му ја на Св. Архангел Михаил. По смртта на Гаврил и чудата што се случувале над неговиот гроб, пред се исцелувањето болни, манастирот станал познат по името на светителот-пустиножител па добил две имиња и на Архангел Михаил и на пустиножител Гаврил. Подоцна овој манастир станал центар на словенската писменост познат како Лесновски книжевен центар. Живописот на црквата е завршен во 1347-48 година во времето кога Јован Оливер ја добил титулата деспот. Од фреските во црквата оставаат впечаток ликовите на Св. Гаврил Лесновски, Св. Јоаким Осоговски, Св. Прохор Пчињски, композицијата Успение Богородичино, ретките сцени инспирирани од Псалмите Давидови итн. Резбаниот иконостас изработен од 1811-1814 година е дело на резбарската тајфа на Петре Филипович Гарката
Сподели