Драган Јованов: Фитомедицината и здравиот начин на исхрана во борба против бубрежни заболувања

Симптоми
– Честа жед и потреба за мокрење
– Испуштање на многу мали количества моч
– Отекување особено на рацете и стапалата
– Оток околу очите
– Непријатна миризба во устата и здивот слично на моч
– Постојана слабост и задишаност
– Губење на апетитот
– Постепено зголемувањена крвниот притисок
– Бледило на кожата
– Исклучително сува кожа која постојано чеша
– Кај децата зголемена слабост, намален апетит и повремено забавено растење
Ако имате некој од споменатите симптоми, иако секој од нив може да упатува на некое друго нарушување истовремено представува знак на предупредување за постоењето на опасно заболување на бубрезите. Треба да се посоветувате со лекар да ви ја одреди точната дијагноза.
Бубрезите се два органа со големина на тупаница, се наоѓаат на двете страни на рбетот точно над половината и имаат важна улога во одржувањето во живот. Тие ја пречистуваат крвта, одстранувајќи ги отпадните материи и излачувајќи го вишокот течност, одржувајќи нормална рамнотежа на различни хемиски материи во организмот и помагајќи во регулирањето на крвниот притисок. Кога бубрезите ке заболат или ке дојде до оштетување, можат одеднаш или постепено да ја загубат способноста за зивршување на овие витални функции. Отпадните материи и вишокот течности тогаш се собираат во телото, предизивкувајќи различни симптоми, особено отекување на рацете и нозете задишаност и честа потреба за мокрење. Ако не се лекуваат заболените бубрези може да престанат да функционираат. Престанувањето на функцијата на бубрезите е многу сериозна и можна смртоносна болест.
Причинители
Заболувањата на бубрезите може да биде акутно или хронично. Хроничниот облик може да биде многу подмолен, симптомите не мора да се покажат се додека не се развие значително, често неизлечиво оштетување. Причинителите на хронично заболување на бубрезите често е тешко да се одредат. Повеќето се резултат на други тегоби или болести, како што се дијабетесот, високиот крвен притисок или артериосклерозата, односно сите оние болести што го забавуваат дотокот на крвта во бубрезите. Лупусот и други болести на имунолошкиот систем кои влијаат врз крвните садови можат исто така да ја потикнат болеста на бубрезите, предизвикуваќи воспаление на бубрезите. Некој хронични бубрежни заболувања, најчесто полицистичната болестна бубрезите се наследни. Другите се вродени последица на одредено затнување на уринарните патишта, или мани со кои човекот е роден, а кои го предодредуваат за бубрежно воспаление и болести. Хроничните заболувања на бубрезите можат да бидат последица на долготрајна изложеност на отровни хемикалии или лекови, вклучувајќи одредени нелегални дроги, како што е хероинот. Истражувачите исто така се сомневаат дека големо количество на витамин Д и белковини, особено во исхраната на старите и болни луѓе, може да ги оштети бубрезите. Сепак кај многуте хронични случаи точните причини остануваат непознати.
Акутното заболување на бубрезите може да се појави по неколку дена, придружувајќи кои било здраствени проблеми кои одеднаш и драматично го намалуваат дотокот на крвта низ бубрезите. Примери се срцев удар, трауматска повреда, како кај собраќајните несреќи, сериозно воспаление или токсична реакција на лек или дрога. Вдишувањето или голтањето на одредени отровни материи како што се метилалкохолот, алкохол,јаглеродтетлахлорид или антифриз, отровни печурки исто така, може да предизвикаат исто така ненадеен прекин во функционирањето на бубрезите.
Дијагностички постапки
За да сепостави дијагнозата, лекарот мора да ве подложи на анализи на крвта и урината и ако тоа можат да го поднесат вашите бубрези, на посебен ренген, познат како интравенозна пиелографија. Ако дијагнозата остане нејасна, лекарот може да направи биопсија со игла, употребувајќи особено помагало во облик на игла кое ќе земе мал примерок од бубрежното ткиво поради микроскопско испитување.
Лекување
Заболувањето на бубрезите е опасно заболување кое бара медицинско лекување. Фитомедицинските начини на лекување можат да користат како дополнително лекување и заштита на организмот од овие заболувања, но пред да испробате нешто консултирај те се со стручен лекар по фитомедицина. Некои лекари тврдат дека одредени рестриктивни диети можат да бидат полезни, особено ако состојбата се утврди навреме. Ако методите на лекување не помогнат и заболувањето на бубрезите се влоши до степен да неможат бубрезите воопшто да функционираат постојат само 2 начини на лекување – дијализа, при која вештачки помагала ја чистат крвта од отпадните материи и пресадување бубрег.

Исхрана
Посебната диета која ја ограничува исхранта може да го намали оптоварувањето на заболените бубрези да ја одржи рамнотежата на телесните течности и хемиските материи, и да ги одстрани насобраните материи во телото. Иако таквите диети треба да бидат посебно обликовани со оглед на индивидуалните потреби на секој болен, сите тие, ги содржат следните општи забрани
– Белковини не повеќе од 1 грам на килограм телесна тежина на ден
– Калиум не повеќе од 2 грама на ден
– Фосафор не повеќе од 1 грам на ден (обично сепостигнува со забрана на белковини)
– Натриум во напреднатите случаи на заболувањата на бубрезите не повеќе од 2 грама на ден
– Се препорачува дополнително количество на калциум 1500 мг на ден за да се сопре ослабнувањето на коските, што често е придружна последица при болести на бубрезите.
Хемиски материи штетни за бубрезите
– Кадмиум
– Јаглен тетрахлорид
– Хлороформ
– Етиленгликол
– Оксална киселина
– Тетрахлоретилен

Лековити растенија за заштита на бубрезите
Лековитите растенија кои се употребуваат за заштита на бубрезите се:
Јаглика ( Primula officinalis L)
За подготовка на лекот од јаглика се собираат цветовите, листовите и коренот доцна напролет, односно во мај. Како една од првите пролетни билки, јагликата е многу значајна, бидејќи ги лекува сите катари, зголемено лачење слуз, кашлица, грипозни појави и на организмот му го надоместува витаминот Ц. Јагликата е особено добар лек за лекување на белодробните заболувања и засиленото чукање на срцето. Чајот подготвен од цветовите го зголемува бројот на црвените крвни зрнца, ја засилува циркулацијата на крвта, а освен тоа, коренот и цветовите во голема мера ја прочистуваат крвта и ги исфрлаат сите отровни материи коишто се причина за разни заболувања на коските и ревматизмот. Освен тоа, јагликата се употребува и за нередовен менструален циклус. Чајот од коренот многу успешно дејствува како смирувачко средство за отстранување главоболка, нервози, несоница, вртоглавица и несвестица. Покрај тоа, јагликата се употребува и за лекување слаби парализи, заболување на бубрезите, ревматизам и хронична тврда столица.
Боровница (Vaccinium myrtillus L.)
Боровницата е како грмушка висока до 50 cm. Кај нас ја има во доста влажни и планински букови шуми. Листовите се наизменични, тенки, долгојајчести, 2-3 cm долги и имаат переста нерватура. Цветовите се розово-бели, ѕвонесто цевкасти и поединечни. Цвета во пролет. Плодот е сина сочна тркалезна бобица со многу семки, а на врвот се гледа прстен во вид на круна. Созрева во лето. Бобиците се со доста пријатен, кисело-сладок вкус. За лек се употребува сува и свежа бобица, сок од зрели бобици, екстракт и вино. Поради танинот и пектинот, боровницата дејствува како благо средство против дијареја и воспаление на цревата, разни воспаленија на слузницата. Зрелите боровинки се пријатно диететско средство за јакнење, против пролив кај деца и акутен ентероколит кај возрасни. Поради присуството на абутозид, листот дејствува слично како листот на мечкиното грозје, диуретично.
Се употребува и против шеќерна болест (3 супени лажици од дудов лист, добричица и мешунки од грав се промешаат, се преливаат со половина литар врела вода, се поклопува, се остава два часа и се пие наместо вода.
Босилек (Ocimum basilicum L)
Босилекот е наше народно омилено цвеќе. Кај нас е донесен од Индија. Денес се одгледува во многу европски земји не како цвеќе во цвеќарите, туку и за дестилација на етерични масла. Целата билка има пријатен мирис, а најмногу листовите. Вкусот е горчлив и ароматично лут. Кај нас се одгледува одамна не само како украс, туку и како зачин и за религиозни обреди. Се бере надземниот дел на лековитото растение и се суши на ладно место изложено на провев. Содржи етерично масло, танин, сапонин и горчливи материи. Во фитомедицината босилекот се употребува како средство за смирување на нервниот систем, против гасови, тегоби во органите за варење, против цревни паразити, за зголемување на млечноста кај мајките што дојат, против воспаление на бубрезите и за регулирање на менструалниот циклус кај жените.
Вишна (Prinus cerasus L)
Од зрелиот плод на кисели и црни вишни се прави здрав сок и сируп, мармалад, вино и др. Во семките има гликозиди, амигдолзиди и ензим емулзин. Од зрелиот плод се прави Strupus cerasorum. Во петелките на вишните има танин и други состојки што дејствуваат диуретично, помагаат при исфрлање камен од бубрег и бешика и го запираат проливот. Во поново време се повеќе се одгледува киселата вишна за производство на многу вкусен секојдневно употребуван сок кој освежува, со пријатен мирис и кисел вкус.
Зајачка лобода (Hieracium pilosella L.)
Трајно мало зелјесто влакнесто растение високо до 25 cm. На земја е розета со долги листови. На врвот на стеблото е со светложолта боја. Цвета од мај до септември. Расте на сува почва. Во фитомедицината се користи како лек за лечење лишаи, воспаление на бешиката, исфрлање песок и камен од бубрег. Како чај се користат листовите и цветот. Најголем ефект имаат листовите, но добар ефект има и цветот. По појавата на првите цветови, се собираат добро развиените листови и цветови. Листовите заедно со цветот се сушат под сенка. По сушењето, масата се иситнува со сечкање и така иситнета се остава во книжни или платнени кеси, кои се чуваат на ладно и на суво место.
Пченка (Zea mays)
Пченката е по потекло од Средна и Јужна Америка. Кај нас се одгледува во умерени и топли реони. Бара многу вода при одгледување во голем број подвидови и вариетети. Се употребува за исхрана кај луѓето и домашните животни и за индустриско производство. Од пченката се произведува и фармациски скроб, кој има различна примена во медицината и фармацијата. Благодарение на сложениот хемиски состав, пченкарната свила се употребува како лек за лечење разни болести, како за исфрлање камен од бубрезите и др. Присуството на калиумовите соли и други состојки дејствуваат како благ диуретик и средство за заштита на бешиката, против песок во бешиката,, хроничен цистит, нефрит, против бронхијална астма и други болести.
Камилица (Matricaria chamomilla L)
Камилицата е едногодишно мало зелјесто растение. Лековито растение со широк спектар на употреба. Расте високо од 10 до 30 cm, ретко до половина метар. Расте исклучиво на јака земја. Камилицата се бере од април до крајот на мај, понекогаш порано. Камилицата цвета преку цело лето. Нејзин најголем сејач е ветерот бидејќи кога ќе созрее, е многу дробна, семето е многу ситно и тенко. Камилицата создава многу семе, кое е многу лесно и со ветерот лесно се разнесува, и на тој начин се шири и расте камилицата. Чајот од камилица е најпознатиот и најраспространетиот чај со низа лековити својства. Се одликува со мошне сладок вкус, благотворно дејствува врз органите за варење и врз воспаленијата на кожата и слузокожата. Цветот на камилицата е многу успешен лек во лекувањето на желудочно-цревните заболувања, гастритис, ентеритис, колитис, надувувања, грчеви, гасови, премногу силни желудочни киселини, а се разбира и кај заболувањата на бубрезите, црниот дроб и жолчката. Камилицата се користи како лек против чирот на желудникот и на дванаесетпалечното црево. Во овие случаи, постојаната употреба на чајот од камилица во мали голтки не само што дејствува врз смирувањето на болките, туку и лекува. По консумирањето на камилицата, тројно се зголемува бројот на леукоцитите, се олеснува варењето, се отстрануваат гасовите. Камилицата мошне успешно се употребува и против тврда столица. Камилицата се употребува и надворешно при воспаленија на слузокожата и на кожата, за плакнење и подготвување облоги против очните и разните кожни болести, за инхалација, за купки, за гаргара за плакнење на женските гениталии и сл. Миењето на косата со концентриран чај од камилица го зацврстува коренот на косата. Кај потењето на рацете и нозете, при често повторување на купката нема да изостане посакуваниот ефект. Како мошне успешни се покажале влажните и топли облоги против хемороиди, односно облогите ги отстрануваат раните и воспаленијата на анусот. Клиничките истражувања потврдиле дека камилицата дејствува мошне успешно врз отстранувањето и уништувањето на бактериите од рани, се повлекуваат гнојните лачења дури и кај ракот и кај слични деформации, а исчезнува и непријатната миризба што доаѓа од деловите на ткивото што се распаѓа. Покрај сето тоа, камилицата ја прочистува крвта. Камилицата задолжително се употребува и за лекување раздразнетост, пречувствителност при невралгии, ревматизам, болки во половината, внатрешен немир, несоници, душевна изнемоштеност, преголем замор и слично.

Напишете коментар