Реконструкција и адаптација на Дом на културата во с. Радово
Реализацијата на овој проект се спроведе од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со општина Босилово и со финансиски средства обезбедени од страна на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој на РМ. Преку овој проект се овозможи реконструкција и адаптација на Домот на културата во с. Радово . Исто така се изврши негово опремување со соодветна опрема, се постави комплетна инфраструктура, а се изврши и уредување на дворното место околу самиот објект. Со реконструкцијата и предавањето во употреба на овој културен дом жителите на населеното место Радово ќе добијат простории каде што ќе можат меѓусебно да се дружат, да организираат разни манифестации, средби и состаноци. Домот на културата ќе можат да го користат месната заедница, здруженијата на пензионери, здруженијата на жени, на младинци, спортските друштва, односно сите граѓани што ќе имаат потреба за тоа