Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.
“100.000 граѓани од општина Струмица сами купуваат инјекции, инфузии и лекови. Не можат да добијат точна лекарска дијагноза поради расипаните медицински апарати. Катастрофална е состојбата овде во Здравствениот дом, што власта на Груевски со години ветува дека ќе го обнови.
Каде е ветената доградба на болницата лично од Груевски од пред 4 години?
Каде е новиот модерно опремен крак најавен од Груевски и Тодоров?”