Невладината организација Slow Food Ograzden Босилово ќе го реализираат проектот Старт – ап Академија
Во рамките на Interreg – IPA CBC програмата Бугарија – Македонија, невладината организација Slow Food Ograzden Босилово, заедно со партнер организацијата Здружение на претприемачи регион Гоце Делчев, Бугарија, ќе го реализираат проектот Старт – ап Академија со вкупен грант од 117 599,87 евра, за временски период од 15 месеци.
Во овој период за определување на професионалните афинитети и за развивање на претприемничкиот дух на младите луѓе од општина Босилово, кои се на возраст од 18 до 25 година ќе се направи анализа која ќе биде основа за развивање на проектот. Исто така, ќе се реализираат повеќе работилници, обуки и семинари за оваа целна група на луѓе.
Проектот ќе финализира со пилотирање во софтверска виртуелна компанија,која претходно ќе биде изработена.