На меѓународниот натпревар на млади музичари 6 први награди за музичкото училиште „Боро Џони“
Уште еден голем успех на учениците и нивните наставници од музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица. На шесттиот меѓународен натпревар на млади музичари – Гевгелија 2016 кој што се одржа од 14 до 16 јуни, освоени се вкупно шест први и две втори награди. Први награди освоија учениците Александра Дедејска, Димитар Филев, Драгана Дедејска под менторство на наставничката Милка Ганчева, Ива Костевска под менторство на Зоран Мазнејков, Петар Ганчев под менторство на Ленче Мазнејкова и Драгана Костова под менторство на наставничката Ана Тимова. Со втори награди од овој натпревар се вратија ученичките Магдалена Мицева под менторство на наставникот Зоран Мазнејков и Мартина Пачоова под менторство на наставничката Ленче Мазнејкова.
На овој меѓународен натпревар учествуваа млади музичари од Србија, Бугарија, Косово и Македонија.