Карневалски групи од средните училишта „Јане Сандански“ и „Димитар Влахов“ на карневал во Будва

Карневалски групи од средните општински училишта „Јане Сандански“ и „Димитар Влахов“ ќе го претставуваат струмичкиот карневал на меѓународниот туристички карневал во Будва, Црна Гора кој што ќе се одржи од 6 до 8 мај. Групата од 25 учесници од СОУ „Димитар Влахов“ ќе се претстави со маската од овогодишниот карневал насловена „Вечна игра“, а групата од СОУ „Јане Сандански“ која брои исто толку членови ќе се претстави со маската насловена „Боите на бојата“ која исто така беше дел од годинашното карневалско издание. Овие маски го освоија второто, односно, третото место на струмичкиот карневал 2016 година.13118952_982517731801657_122404654212929644_n

13177985_982517738468323_6928778652608627872_n

Напишете коментар