64 Години од Убиството на 5 те Струмички Студенти
Шеесет и четири години од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот режим, беа одбележани утринава со Панихида на струмичките градски гробишта, а пред Споменикот во малиот Градски парк беше положено свежо цвеќе од членови на семејствата на убиените студенти, локалната самоуправа на општина Струмица, државни институции, политички партии, делегации на Здружението на политички затвореници од Скопје и неколку градови од југоисточниот дел на државата, и од граѓани на Струмица.
Претседателот на Здружението на политичките затвореници, Никола Андонов, во своето обраќање пред Споменикот на петте студенти, говореше за грозоморниот настан кога се убиени струмичките студенти, на 13 август 1951 година.