Жител на Струмица снимил, уценувал, па објавил клипче од поранешната девојка
Секторот за внатрешни работи – Струмица, до ОЈО-Струмица, поднесе кривична пријава, против 28 годишен жител од с. Владевци, поради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“, предвидено во чл.144 од КЗ на РМ.
Имено, пријавениот во месец јули 2015 година, неовластено поточно без знаење на пријавителката, снимал видеоклип, помеѓу нив двајцата со компромитирачка содржина, за што подоцна и се заканувал, доколку ја прекрати врската, снимениот материјал ќе го објави преку социјалните мрежи и дека ќе настрада нејзиниот внук. Во текот на месец септември по краткотрајна расправија снимениот материјал го објавил. Пријавениот минува во евиденциите на МВР како сторител на кривични дела од областа на имотните деликти и насилниот криминал. Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица, на пријавениот му е одредена мерки притвор во траење од 8 дена.