,,Жената-симбол на трудљубивост,храброст,нежност и љубов
Денес во организација на Дом за деца и млади ,,Благој Јанков Мучето од Струмица, беше отворена изложба од пристигнатите ликовни творби по распишаниот ликовен и литературен конкурс по повод меѓународниот ден на жената 8 Март на тема ,,Жената-симбол на трудљубивост,храброст,нежност и љубов,, На истиот настан од пристигнатите 200 ликовни творби и 90 литературни творби , доделени скромни , но стимулативни награди и тоа 19 за ликовните творби и 13 за литературни творби.Настанот беше реализиран во соработка со основните училишта од општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.На манифестацијата посебен акцент се даде на две прогресивни жени од историјата Клара Цеткин и Роза Луксембург,кои се избориле за еднавки можности и право на глас на жената, а во тој контекст беше и темата на настанот ,со кој се потенцира дека 8 Март е празник на жената ,а не само на мајките.