Здружението „Озон“ почна со реализација на проектот поддржан од општина Струмица
Еколошкото здружение „Озон“ почна со подготвителните активности за реализација на проектот „Подигање на свеста кај жената –земјоделка од месните заедници во општина Струмица во делот на квалитетно земјоделско производство“. Проектот финансиски е поддржан од општина Струмица преку програмата за поддршка на здруженијата и фондациите за 2016 година. Во рамките на овие активности формиран е проектен тим, претседателите на месните заедници се информирани за проектот, а се одржаа и три работилници со учениците од трета година во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ на тема „Родовата еднаквост во земјоделското претприемништво“. Од „Озон“ информираат дека во наредниот период ќе продолжат со проектните активности на терен при што ќе бидат посетени 22 населени мести, а ќе почне и изработката на информативна брошура за поттикнување на активностите на жената во земјоделското претприемништво.