Здружението „Органо – Логистик“ започна со проектните активности поддржани од општина Струмица
Во домот на АРМ во Струмица, здружението на производители на органска храна „Органо – Логистик“ одржа информативна трибина, со што и официјално стартуваа активностите на проектот „Развој на органското производство за здрав живот и здрава средина“. Овој проект доби финансиска поддршка од буџетот на општина Струмица во износ од 215.172 денари преку програмата за поддршка на невладиниот сектор за 2016 година.
Целта на проектот е да се промовира начинот на одгледување на органски производи со инпути дозволени во органското производство и да се презентираат принципите кои треба да се задоволат за да може да се стане органски производител.