Здружението „НОВУС“ ќе имплементира проект за афирмирање на алтернативните казнени мерки
Здружението „НОВУС“ ќе започне со реализација на проектот „Анализа на состојбата на имплементацијата на системот на алтернативни мерки во Основен суд Струмица“. Интересот за оваа проблематика е поттикнат од алармантните состојби во затворите во вклучувајќи го и затворот во Струмица, каде како генерални проблеми се издвојуваат пренатрупаноста, тортурата, нехуманиот и деградирачкиот пристап кон затворениците, непристојни материјални услови, отсуство на било каков режим, непрофесионално менаџирање, несоодветна здравствена заштита и недостаток на контрола и надзор. Ваквата состојба генерално секоја година е нотирана во извещтаите на Европската комисија за напредокот на Република Македпнија, во Поглавјето 23 – правосудство и темелни права, во делот на темелните права. Основна цел на овој проект ќе биде анализа на состојбата на имплементацијата на видовите на алтернативните мерки во Основен суд Струмица. За добивање реална слика, ќе се направи и анализа на работата на судот во процесот на имплементација на алтернативните мерки како и ставовите на стручната јавност за потребата и практичната примена на алтнернативните мерки. Алтернативните мерки како општоприфатени санкции во повеќето современи казнено-правни системи, се израз на тенденција за рестриктивна примена на казната затвор и за третманот и реинтеграцијата на сторителите надвор од затворот.